Компании од информатичката и технолошката и од филмската индустрија во Лос Анџелес покажаа интерес за можностите за инвестирање во Македонија. Во наредните три месеци на детална анализа на условите за бизнис во земјава ќе дојдат претставници од компанијата „Алорика“, која се занимава со аутсортинг и консталтинг услуги. На бизнис-форумот во Лос Анџелес, премиерот Никола Груевски им порача на присутните дека Владата е пријателски насочена кон бизнисот и развојот на можностите кои им стојат на располагање на приватните инвеститори. Покрај поволностите и олеснувањата кои се овозможени за инвеститорите кои ќе решат да го вложат својот капитал, тој додаде дека Владата направи напредок во борбата против корупцијата и нејзиното намалување, но и во развојот на образованието.
Компании од информатичката и технолошката и од филмската индустрија во Лос Анџелес покажаа интерес за можностите за инвестирање во Македонија. Во наредните три месеци на детална анализа на условите за бизнис во земјава ќе дојдат претставници од компанијата „Алорика“, која се занимава со аутсортинг и консталтинг услуги.
На бизнис-форумот во Лос Анџелес, премиерот Никола Груевски им порача на присутните дека Владата е пријателски насочена кон бизнисот и развојот на можностите кои им стојат на располагање на приватните инвеститори. Покрај поволностите и олеснувањата кои се овозможени за инвеститорите кои ќе решат да го вложат својот капитал, тој додаде дека Владата направи напредок во борбата против корупцијата и нејзиното намалување, но и во развојот на образованието. Тој притоа ги покани присутните инвеститори да дојдат во Македонија и пред да ја донесат одлуката да зборуваат најпрво со компаниите кои веќе инвестирале во земјава.
Извршниот директор на компанијата „Алорика“, Енди Ли, компанија која вработува над 16.000 луѓе во светот, истакна дека активно ги разгледуваат можностите за инвестирање и е во процес на планирање конкретна соработка.
„Македонија има високообразовна работна сила, многу е посветена на привлекување инвеститори и има Влада која го поддржува бизнисот што од моја перспектива укажува на тоа дека има се' што ни е потребно да бидеме успешни“, изјави извршниот директор Енди Ли.
Сопственикот на компанијата „Иноваворкс“, која се занимава со развивање на софтверски решенија, Дејвид Хантер, кој веќе пред неколку години има формирано претставништво во Македонија, е задоволен од поддршката што ја добива.
„Моето искуство од соработката со Владата го направи секој аспект од нашата работа многу полесен. Мојот план во Македонија е да се прошириме, сакаме да работиме со поголеми компании, со користење обучена работна сила од повеќе области“, изјави Хантер.
Премиерот Никола Груевски, во рамки на неколкудневната посета на САД, во Лос Анџелес оствари средба и со претставници на реномираниот медицински центар „Роналд Реган“, со кого веќе Владата има соработка за обука и размена на лекари. Во овој центар досега вкупно 29 македонски лекари оствариле пракса и работа во Лос Анџелес, при што изучувале нови методи на работење кои веќе почнаа да се применуваат и во Македонија. Тој најави значително зголемување на бројот на лекари кои ќе доаѓаат во Лос Анџелес. Истовремено, на домаќините им бил претставен концептот на слободни здравствени зони. „Тие иако немаа такви излегувања надвор од Америка, покажаа интерес особено ако најдат некоја компанија која би ја изградила болницата, а тие да влезат со своето знаење и искуство“, изјави Груевски по средбата. Третата тема за која што разговарале е доаѓање на американски лекари во Македонија и престој на подолг период.
Директорот на медицинскиот центар „Роналд Реган“ , Томас Коутс, изјави дека повеќе македонски анестезиолози, хирурзи, кардиолози и педијатри се обучувале во болницата во Лос Анџелес и изрази задоволство од нивниот ангажман, способност и квалитетна работа.
„Заедничката соработка продолжува. Заинтересирани сме за соработка во сферите на хирургијата, анестезиологија, рано откривање на ризични болести. Но, и во развивање на соработката во сферата на болничкиот менаџмент, во поставувањето систем на грижа за луѓето која е добра ефикасна и квалитетна“, изјави Коутс.